11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Премиерот Заев: Ќе докажам дека не сум ист како Груевски, со ист жар ќе се борам за сите граѓани на Република Македонија!

Проблемот на Грција со нашето име е логично прашање на загриженост и уште еднаш го повторува нашиот став. Ќе разговараме заедно со опозицијата и ќе има референдум, за да изнајдеме решение за истиот. Јас сум Македонец, сум роден Македонец, ме боли исто како вас македонштината.

Јас ветив дека ќе поднесам барање до СЈО да каже дали има истрага или обвинителен акт против некој, денеска добив одговор во кој што е потврдено дека против наведените нема истражна постапка, ниту пак е поднесен обвинителен акт.

Лекција ќе добијат сите како законот ќе важи за сите. Не сакам реваншизам, но секој ќе си одговара доколку има докази. ВМРО-ДПМНЕ ми е јасно зошто е против трагичните даноци, кај нив се парите. Ако има доказ дека украле пари, парите ќе се вратат. Законите кои важат, важат во тој правец.

Ќе докажам дека не сум ист како Груевски. Внимателно следете ме, ќе го докажам тоа. Со ист жар ќе се борам за сите граѓани на Република Македонија.

Влатко Ѓорчев – ветувам многу домашни и странски инвестиции, бујрум помогнете. Ќе ни треба помош и од опозицијата.

Квалитетот мора да биде императив и силен коректив на власта. Собранието ќе биде коректив, а не извршно тело на извршната власт. Ако некој се дрзне да влијае на обвинител, подобро сам нека си даде сам оставка. Само така ќе ја вратиме правната држава. Може да имаме правда и закон кој ќе важи за сите. Сите гориме внатре длабоко за да ги вратиме младите во државата. Тој рече лекции ќе им држе по економија на ВМРО-ДПМНЕ. Концептот едно ОПШТЕСТВО за сите победи, а не чиста Македонија, вели Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ рече дека нема да има реваншизам, дека треба да се работи на единство и на сплотеност.

Нема да ги разочараме граѓаните, во единството е успехот, ќе бидеме сплотени и ќе работиме за интересите на граѓаните. Златната рипка ја ослободи Македонија од режим – нема да ве изневериме!

Согласно дискусијата би биле добар лидер на опозицијата.

Никола Груевски не бил во право, денеска пак не беше во право. Тешко е да се оди во опозиција, поради сериозни сомневања. Никој повеќе нема да има контрола врз правосудството. Пред и после изборите сериозни лузни останаа во нашето општеството. Имаше албанофобија. Моите лузни ќе поминат, но лузните кои останаа се длабоки. Сакам да искажам почит за присебноста на албанските политички лидери. На сите им е тешко заради 27 ми Април. Да испратиме порака – никогаш повеќе да не се повтори!

Јас и Владиниот состав ќе работиме на сплотување, а не на делење. Со отворено срце и огромна верба дека ќе работиме во интерес на сите граѓани, на Македонија ја барам поддршката од ВАС за новата реформска Влада на Република Македонија. Барам ваша помош и поддршка да донесеме ЖИВОТ во Македонија за сите!, рече новиот премиер во своето обраќање од собраниската говорница.

поврзани објави

Последни објави