fbpx
1.8 C
Skopje

Светски ден на згрижувачите

АКТУЕЛНО

Се зголемува бројот на згрижувачки семејства во Македонија, а расте и свеста кај јавноста за нивното значење во општеството, беше речено на денешниот настан со кој се одбележа 1 Јуни, Светскиот ден на згрижувачите.

На прославата пред Спомен-куќата на Мајка Тереза, освен деца сместени во згрижувачки семејства, присуствуваат и деца и згрижувачи од СОС-Детското село.

– Улогата на згрижувачките семејства е многу голема. Огромна е и нивната обврска да создадат независни луѓе со конкретно занимање, луѓе кои ќе бидат економски независни, станбено обезбедени, за да не се вратат повторно во системот на социјална заштита, изјави Виолета Георгиевска од СОС-Детско село.

Според Александра Валкановска од Црвениот крст на Град Скопје кој е и главен организатор на манифестацијата, Светскиот ден на згрижувачите е одлична можност за дружење на децата и нивните семејства.

– Неопходно е јавноста да знае колку е важна улогата на згрижувачките семејства во општеството и да даде максимална поддршка во оваа насока, напомена Валкановска.

Во СОС-Детското село има 12 згрижувачки семејства и уште едно, интервентно, кое згрижува деца во ризик, додека на ниво на Град Скопје се вкупно 35.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -