6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Заев: Ви благодарам што сите нас не направите горди и среќни

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ја честита историската победа што ја донесоа ракометарите на Вардар вечерва на Република Македонија.

„Честитам на ракометарите на Вардар кои го донесоа ракометот на Македонија, повторно на врвот на Европа!

Во име на граѓаните на Македонија ви благодарам што сите нас `не направивте горди и среќни.

Игравте со срце на теренот!

Првото место што го освоивте вечерва на финалниот натпревар во Лигата на шампиони ќе биде врежано во меморијата на ракометот и на спортот во Македонија како пример за генерациите што доаѓаат, дека се е остварливо низ тимска работа, упорност и посветеност.

Имам силна верба дека ова е само почеток на успесите што ќе се множат, во ракометот, во спортот и во животот во Република Македонија“, порача премиерот Заев на ракометарите и на граѓаните по вечерашната победа на Вардар, во финалето во Келн, Германија.

поврзани објави

Последни објави