Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците кои живеат во Германија да не гласаат за трите главни партии на изборите што треба да се одржат следниот месец.
– Не правате грешка со давање поддршка за нив. Не за ЦДУ, не за СДП, не за Зелените. Тие сите се непријатели на Турција, нагласи Ердоган по петочната молитва во Истанбул.
Во следниот месец во Германија ќе се одржат избори на кои канцеларот Ангела Меркел ќе бара четврти мандат. На изборите право на глас имаат една третина од три милиони турски имигранти во Германија.