Баерн Минхен веќе подготвува понуда за еден од најбараните напаѓачи во Европа. Имено, Баварците посакуваат во јануари да го доведат Ценка Тосун, фудбалерот на Бешикташ.
Меѓутоа, актуелниот германски шампион ќе има жестока конкуренкција, ако се земе во предвид дека, наводно, услугите на фудбалерот во зимскиот прелазен рок ќе сака да ги осигураат и Тотенхем и Евертон.
Во Баерн во 26. годишниот Тосун гледаат одлична замена за Роберт Левандовски, па овој трансфер би ја пополнил “дупката“ во екипата на Карло Анчелоти. Ченк Тосун минатата сезона постигна 24 гола во дресот на Бешикта, додека во новата сезона успеа да постигне дури четири гола во шест натпревари.