13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: На кандидат за градоначалник му беше вперен пиштол од полицаец затоа што е од политичка опција спротивна на СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува насилничкото и брутално однесување на СДС и инститиуциите кои тие ги имаат под контрола. Очигледен е стравот и преплашеноста на СДС од народот и енергијата која е наочена против беззаконието кое тие го манифестираат.

Со ова се покажа дека СДС ја има киднапирано државата и ги урива сите вредности на демократијата.

На кандидат за градоначалник му беше вперен пиштол од полицаец затоа што е од друга политички опција спротивна на СДС.

Претходно граѓаните беа малтретирани и автобуси праќани на вонреден технички преглед, со што СДС манифестираше брутално беззаконие.

За ова СДС ќе одговара. Ќе дојде ден кога ќе излезат пред очите на правдата. СДС со нивните злоупотреби не може да ја спречи енергијата на народот насочена против нив. Одговорот од народот пристига на 15 октомври“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави