23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Премиерот Зоран Заев од говорницата на ОН повика да се затвори прашањето со Грција со нашето уставно име

,Идната година мојата земја Македонија, ќе одбележи 25 години од членството во Обединети нации. Многу е важно како во иднина ќе и се обраќата на нашата земја. Моментално двете земји Грција и Македонија, градат мерки за нова доверба. Имаме нова енергија да ги решеиме проблемите. Сега е време да ги затвориме овие прашања. Високо го цениме придонесот на н. е. Метју Нимиц. Сметам дека постои можност Грција да го надмине проблемот со нашето уставно име. Да се обидеме на позитивен начин да го надминеме овој проблем.

Светот може да биде многу бучно место, но најважните работи се многу тивки. Верувам дека доколку го слушате мојот народ , можете да го слушнете светот“.

Ова го рече македонскиот премиер Зоран Заев , обраќајќи се вечерва на 72 Генерално собрание на ОН, на главната сесија пред претставниците на сите држави од светот.

На почетокот , на македонски јазик, повика на обединетост и заедничко решавање на проблемите.

Заев побара државите да се фокусираат на агендата за одржлив развој на светот. Повика Северна Кореја да се разоружа на мирен начин. Укажа на драматичното влошување на климатските промени и многубројните терористички напади во светот.

,,Како што мораме заеднички да делуваме за доброто на сите, и на домашен план , како одговорни влади, мораме да делуваме заеднички и да носиме одлуки кои се добри за сите.

Мојата Влада има амбициозен план за реформи, Ќе градиме професионални и независни институции. Наша цел е да се забрза интеграцијата на нашата земја во евроатлантските институции. Последните неколку месеци силно промовираме нов пристап кон нашите соседи. Притоа сме целосно свесни и за нашите и за нивните национални интереси. Дозволете ми да го истакнам  потпишувањето на добрососедскиот договор со Бугарија, што е од големо значење за двете земји“-рече премиерот Заев.

поврзани објави

Последни објави