6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Премиерот Заев ја повика Северна Кореја да се откаже од нуклеарната и ракетна програма

Премиерот Зоран Заев ја повика Северна Кореја веднаш да се откаже од нуклеарната и ракетната програма во неговото обраќање пред 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Заев рече дека клучот да се избегнат можни катастрофални последици за идните генерации е во резолуциите на Советот за безбедност за Северна Кореја, која, како што кажа тој, спроведува нуклеарни проби и ракетни тестови игнорирајќи ги повиците од меѓународната заедница.

„Имплементацијата на резолуциите на Советот за безбедност е клуч да се избегнат можните катастрофални последици за идните генерации. Длабоко сме вознемирени од унилатералните акции на Северна Кореја. Тие спроведуваат нуклеарни проби и лансираат ракети и покрај постојаните повици од меѓународната заедница да ги почитуваат резолуциите на Советот за безбедност. Веруваме дека мирната денуклеаризација на корејскиот полуостров е изводливо решение и затоа ја повикуваме Северна Кореја веднаш да се откаже од нуклеарната и ракетната програма и да го потпише и да го ратификува договорот за забрана на нуклеани проби“, кажа Заев во обраќањето.

поврзани објави

Последни објави