Гвардијан: Сити договори трансфер на еден од најголемите светски таленти
Манчестер Сити е апсолутно доминантен на Островот оваа сезона, но Пеп Гвардиола и те како размислува за иднината. Екипата од “Етихад“ е на прагот да го ангажира 20. годишниот офанзивен играч од парагвајскиот Либертада Хесус Медине.
Ова момче, кое настапи за селекцијата У17 и У20 на Парагвај, впиша настап и за сениорската селекција на земјата оваа година е се поверојатно да замине во клубот од Манчестер, а за неговите услуги Сити ќе плати само три милиони фунти.
Младиот играч го следеа неколу европски клубови, но Сити беше најбрз и најкоректен, па талентираниот Парагвајец ќе потпише долгорочен договор со тимот на Пеп Гвардиола.