8.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

Абрамовиќ го одврза ќесето, Конте ветува 4 пеколни засилувања!

Откако летото во Челси пристигна Алваро Мората, Бакајоко, Дани Дринкватер, Антонио Рудигер и Давид Запакоста, екипата на Челси оваа сезона има проблеми со повредите, па нивната форма на игра е променета.

Во меѓувреме, Диего Коста, Немања Матиќ и Џон Тери можат да заминат од Стемфорд Бриџ, на негодување на многу навивачи на Челси.

Спрема Телеграф, Челси е заинтересиран за четири играчи, а Конте не одамна потврди дека во јануари ќе настојува да донесе нови засилувања.

“Ако постои можност за подобрување на екипата, мислам дека тоа би било добар избор“, рече Конте. Офанзивните играчи Томас Лемар и Рос Баркли се и понатаму на списокот на желби на клубот. Другото име е Алекс Сандро, за кое Абрамовиќ ќе мора да даде големо богатство.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -