На 75. доделување на Златните глупости, одржано синоќа во хотелот „Беверли Хилтон“ во Холивуд, четири награди доби филмот на Мартин Мекдона „Три билборди пред Ебинг во Мизури“ (Three Billboards Outside Ebbing, Missouri), вклучувајќи го и оној за најдобра драма и за најдобра глумица (Франсес Мекдорманд).
Филмовите „The Shape of Water“ на Гиљермо дел Тор и „Lady Bird“ освоија по две одличја.
Драмата „Три билбордипред Ебинг во Музури“ е за една мајка која очајнички се обидува да го пронајде убиецот на својата ќерка. Тој филм доби Златен глобус за сценарио (Мартин Мекдона), најдобра драма, најдобра глумица (Франсес Мекдорманд) и најдобар спореден глумец (Сем Роквел).
Наградената главна глумица Франсес Мекдорманд беше облечена во црно како и сите присутни во знак на сочувство со жртвите на сексуално насилство. Оваа иницијатива беше започната од организацијата „Time’s Up“ (Времето истече) која се бори против заплашувањето и сексуалното злоставување и малтретирање на работно место.
Наградата за најдобар глумец во категорија драма ја доби Гери Олдман за улогата на Винстон Черчил во „Најмрачниот час“.
Приказната за тинејџерка од Сакраменто која сака да студира во Њујорк, „Lady Bird“ на Грета Гервинг доби Златен глобус за комедија/мјузикл и за главна глумица (Сирша Ронан).
Џејмс Франко ја доби наградата за најдобар глумец во комедија/мјузикал за улогата во „Disaster Artist“, додека најдобра споредна глумица доби Алисон Џени за биографијата „I, Tonya“.
Гиљермо дел Торо ја освои наградата за режија, додека неговиот филм „The Shape of Water“ победи и во категоријата за оригинална музика.
Најдобар анимиран филм е „Коко“, а најдобар странски филм е германскиот „Aus dem Nichts“.
Во ТВ категориите доминираше мини-серијата „Невини лаги“ (Big Little Lies) и драмата „Приказната на робинката“. Елизабет Мос е избрана за најдобра глумица за улогата во „Приказната на робинката“, додека Никол Кидман, Лора Дерн и Александар Скарсгард победија во своите категории за „Невини лаги“.
Глумиците како Мерил Стрип, Мишел Вилијамс и Ема Вотсан дополнително ја покажаа својата поддршка за жртвите на сексуално злоставување на тој начин што на доделувањето на наградите донесоа активистки.
Најсилната порака сепак ја испрати Опра Винфри, која ја доби наградата Сесил Б. Де Мил за животно дело. Таа во својот говор изнесе остри критики за расните неправди, сексуалното злоставување и нападот на интегритетот на новинарите.
Сакам девојчињата кои го гледаат ова да знаат дека има нов ден на хоризонтот. И кога тој ден конечно ќе дојде, тоа ќе биде заслуга на величенствени жени, од кои могу се тука вечерва и на некои прилично феноменални мжаи кои се борат за да дојде време кога никој повеќе нема да треба да каже #MeToo (и јас), рече Винфри.
Комплетната листа на добитници на награди:
Филм:
Филм – драма: Three Billboards Outside Ebbing, Missouri
Глумица драма: Франсес Мекдорманд, Three Billboards
Глумец драма: Гери Олдман, Darkest Hour
Филм – мјузикл/комедија: Lady Bird
Глумица – мјузикл/комедија: Сирша Ронан, Lady Bird
Глумец – мјузикл/комедија: Џејмс Франко, The Disaster Artist
Споредна глумица – Алисон Џени, I, Tonya
Спореден глумец – Сем Роквел, Three Billboards
Режија – Гиљермо дел Торо, The Shape of Water
Сценарио – Мартин Мекдона, Three Billboards
Анимиран филм – Коко
Странски филм – Aus dem Nichts
Песна: This Is Me, The Greatest Showman
Музика: The Shape of Water
ТВ:
Мини-серија/ТВ филм: Big Little Lies
Глумица – мини-серија/ТВ филм: Никол Кидман, Big Little Lies
Глумец – мини-серија/ТВ филм: Јуан Мекгрегор, Fargo
Споредна глумица – мини-серија/ТВ филм: Лора Дерн, Big Little Lies
Спореден глумец – мини-серија/ТВ филм: Александар Скарсгард, Big Little Lies
Серија – драма: The Handmaid’s Tale
Глумица – драма: Елизабет Мос, The Handmaid’s Tale
Глумец – драма: Стерлинг Браун, This Is Us
Серија – комедија/мјузикл: The Marvelous Mrs. Maisel
Глумица – комедија/мјузикл: Рејчел Броснан, The Marvelous Mrs. Maisel
Глумец – комедија/мјузикл: Азиз Ансари, Master of None