fbpx
24.2 C
Skopje

Од Ромарио до Кутињо: Бразилците на Барса во последните 25 г.

АКТУЕЛНО

Филипе Кутињо ја избра Барселона поради многу причини – пари, желба за поголеми успеси и трофеи и чести да носи дрес на еден од најголемите фудбалски клубови во светот.

Не дека Ливерпул не е во нив, но бразилците како да се родени за Барселона.

Romario

РОМАРИО (1993-95)

Ѕвездата на светските шампиони од 1994-а се задржа кратко во Барселона, но е фудбалер кој беше вистина обожаван кај фановите на каталонскиот клуб. Ромарио има постигнато 30 голови во 33 меча, а општо има 82 настапи. Во 1995-а се врати во својата татковина, за да го облече дресот на Фламенго.

Џовани (1996-99)

Беше привлечен од Боби Робсон, но не успеа да најде заеднички јазик со следниот тренер на тимот – Луис Ван Гал. Си дозволи да го нарече Хитлер и во 1999 г. беше продаден на грчки Олимпиакос.

Роналдо (1996-97)

Купен за рекодните за тоа време 19,5 милиони долари. Феноменот имаше феноменална сезона, во која забележа 47 гола во 49 меча. Роналдо не се чувствуваше среќен и го напушти тимот, по што се пресели во Интер со нов рекорден трансфер – 27 милиони долари.

Сони Андерсон (1997-99)

После добри години поминати во Монако и Лион, Андерсон се бореше со Патрик Клуиверт и Луис Енрике за титуларно место. Исто како и Џовани, тој напушти после голема кавга со Луис Ван Гал.

Rivaldo

Ривалдо (1997-2002)

Еден од најталентираните фудбалери на своето поколение. Тој е светски шампион со Бразилија во 2002 г. и еден од најпроблематичните фудбалери на Барса. Носител е на „Златната топка“ во Европа и е избран за фудбалер N1 во светот за 1999 г.

Tiago Mota

Тиаго Мота (2001-07)

Се уште игра за ПСЖ, а порано беше важен дел од успешниот тим на Барса.

Роналдињо (2003-08)

Без сомнение – еден од најголемите за сите времиња. Со Барселона стана два пати шампион на Шпанија и ја освои Шампионската лига. Во 2005 г. беше награден со “Златната топка“.

Жулиано Белети (2004-07)

Стабилен одбранбен играч, кој остана во историја запаметен по голот во финалето на Лигата на шампиони против Арсенал во 2006 г.

Енрике (2008-12)

4 години, 3 претставки и 0 официјални натпревари за Барселона. Централниот дефанзивец не доби шанса за настап на “Камп Ноу“.

Dani Alves

Дани Алвеш (2008-16)

По напуштањето на Белети, Барселона не што зема друг бразилец за десен бек, туку донесе играч, кој се претвори во легенда. Со три Шампионски титули и 6 титули од Премиера Алвеш е еден од современите легенди на клубот, и покрај тоа што односите со фановите често не беа добри.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -