6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Превара на годината: По гол заработуваше повеќе од 9,5 милиони евра!

Карлос Тевез е ново – стар играч на Бока Јуниорс. Откако година дена играше за Shanghai Shenhui, Тевез се врати во родниот град и по трети пат во својата кариера потпиша договор со аргентинската екипа.

30. годишниот напаѓач во Кина беше најплатен фудбалер на светот. Неговата годишна плата изнесуваше 38 милиони евра, а со оглед на тоа дека во кинескиот клуб има одиграно само 20 натпревари, Аргентинецот по настап заработувал милион и 900 илјади евра. Постигнал четири гола што значи дека Тевез по постигнат гол заработувал неверојатни 9,5 милиони евра!

Тевез по враќањето во својата татковина веднаш се приклучи на своите соиграчи на тренинг и изјави дека се надева дека со добри игри би бил повикан од аргентинскиот селектор Jorgea Sampaolija за претстојното Светско првенство.

поврзани објави

Последни објави