18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Абидал: Изјавата за Меси е погрешно пренесена

Глобална хајка се направи на играчите на Барселона, највеќе на Лионел Меси, откако неколку медиуми пренесоа наовдна изјава на некогашниот член на каталонскиот клуб Ерик Абидал.

Абидал во 2011. година беше болен од тумор на црниот дроб. Оваа болест тој успеа да ја победи после неколку операции, а во моментите кога теренот го замени со болнички кревет тој успеваше силно да верува дека еден ден ќе се врати на теренот многу посилен и поздрав од кога и да било.

Многу внимание на светската јавност предизвика изјавата на Абидал во која истакнува дека Меси и неговиот соиграчи му рекле веќе да не им праќа видео пораки од болничката постела, бидејќи со својата појава им го расипува расположението, меѓутоа после се фудбалерот вели дека оваа изјава не е точно пренесена.

Поради целата ситуација францускиот фудбалер се огласи на Твитер профилот за да објасни се.

“Кога пратив видео поддршка, Меси никогаш не ми рече да не му праќам такви работи. Тој ми рече дека не им е драго што ме гледаат таков, во една таква ситуација, а со тоа не сакаше да каже ништо лошо.“

поврзани објави

Последни објави