Келечи Ихеначо е најголемото промашување на Лестер сити
Во август минатата година Лестер го донесе младиот напаѓач Келечи Ихеначо и го претстави како големо засилување за екипата во новата сезона. Го платија 25 милиони фунти, а Келечи дојде од Сити каде не се наигра. За него се пишуваше како суперталентиран напаѓач, а се сметаше дека тој ќе биде експлозивен во дресот на англискиот шампион од 2016 година. По шест месеци никој не пишува за него, барем не добри работи. Причината е јасна. Во дебитантската полусезона во Премиер лигата Келечи само двапати беше во првиот тим од вкупни 11 меча. Тој постигна само еден гол и тоа во Лига купот против второлигашот Лидс.
Боли фактот што Лестер го плати многу му даде и астрономска неделна плата од 115.000 фунти што на годишно ниво изнесува 5.520.000 фунти. Се чини дека на сите во Лестер им е јасно дека направија лоша проценка при неговиот ангажман. Како споредба англискиот интернационалец Хари Кејн во моментов добива по 110.000 фунти неделно (според Сан). А сите знаете што прави Кејн во дресот на Тотенхем не само во Премиер лигата, туку и во ЛШ, ФА Купот…
Ихеначо има 21. година и засега неговата кариера оди по надолна линија. Можеби е и најплатениот фудбалер што седи на клупата во Англија. Игра за Нигерија за која досега има 13 настапи, но ризикува да не се појави на Светското првенство во Русија.
Па заслужено младиот напаѓач засега му припаѓа епитетот најлош трансфер во 2017 година во англиската Премиер лига. Не е чудно што Лестер размислува да го продаде па дури и за многу помала сума само да не падне во финансиска дупка.
„Проблемот е што Келечи заработува по 115.000 фунти неделно и има петгодишен договорот. А клубот не сака да го чува под тие услови. Играчот сигурно нема да прифати намалување на платата, па Лестер ќе се обиде што побрзо да го продаде“, изјави неименуван извор од клубот.
Извор: Sport.com.mk