10.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

Ќе го потпише ли Иванов законот за употреба на јазиците?

Законот за употреба на јазиците на денешната собраниска седница е изгласан. За него гласаа 69 пратеници, без ниту еден против или воздржан.

На денешната собраниска седница и на чинот на самото гласање не присуствуваа пратениците од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, по гласањето на низата закони во Собранието, вели дека 15 години по потпишувањето на Охридскиот рамоковен договор, со гласањето на законот за јазиците бил заокружен мировниот договор, а сега останува да се имплементира. Груби им се заблагодари на сите кои гласале „за“, но и на тие кои не гласале против законот.

„Сметам дека овој закон е поддржан од сите страни бидејќи сите партии се потписници на Охридскиот рамковен договор. Очекувам опозицијата да го поддржи овој закон, иако не беа во Собранието за време на гласањето. Со овој закон ќе добие Македонија, а ќе се релаксираат меѓуетничките односи, ќе се затворат многу теми кои произлегуваат од нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор“, вели Груби.

Законот за употреба на јазиците треба да биде потпишан и од претседателот Иванов, за што Груби очекува позитивен резултат.

„Доколку Иванов не го потпише законот и застане против Охридскиот рамковен договор, тој ќе се врати повторно во Собранието, каде што повторно ќе се гласа. Го повикувам Иванов да стане дел од успешната приказна на заокружување на Охридскиот рамковен договор“, додава Груби.

На социјалните мрежи се вжештува дискусијата, а дел од граѓаните реагираат и бараат од претседателот Иванов да биде тој кој што најостро ќе го осуди донесувањето на ваквиот закон, истовремено очекувајќи од него, истиот да не го потпише, бидејќи како што велат и самите, Иванов бил оној кој со врачувањето на мандат на Заев рекол дека добил гаранција за зачувување на државните интереси.

поврзани објави

Последни објави