fbpx
20.8 C
Skopje

МАКЕДОНИЈА ЈА ЗАПИШУВА НАЈВАЖНАТА ПОБЕДА, МАЕСТРАЛЕН НАСТАП НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЗАГРЕБ

АКТУЕЛНО

Македонија слави голема победа на старот од Европското првенство откак во првото коло славеа над Словенија, актуелниот  освојувча на бронзата од последно ЕП со резулта то 25-24

Мечот започна со отворена игра од двете селекции, па по воведните  пет минути резултатот на семафорот беше израмнете (2-2). Сепак во продолжение следеше огромен пад во играта на Македонија откако на првиот гол од игра чекаше во 13 минута преку Стоилов кој намали на 2-5.

 

Во средината на првото полувреме нашиот селектор се реши да направи промена на голманската позиција каде што на место на Ристовски влезе Митревски. Ова беше пресудниот момент за да „црвено-жолтите“ се кренат од летартгијата и предводена од Лазаров да фатат комплетен приклучок.

Второто полувреме го започнавме одлично Манасков врза два гола, потоа погодија Миркуловски  и Пешевски, па поведовме со +4 (15-11). Манасков промаши празен гол, по што во следните минути во нашите редови следеше пад во играта.

Словенците  на 15 минути пред крајот повторно фатија приклучок и преку Заребец израмнија на 17-17. Така мечот во последните 10 минути влезе во драматична завршница. Избраниците на Вујовиќ за првпат во второто полуврем поведоа во 51. минута преку Благотиншек.

Веќе во следниот напад по тајм аутот кој го повика Гонзалез, Македонија израмни преку Георгиевски. На крај славеве со 25-24 по што настана голема еуфорија во Арена Загреб.

Извор: СпортКлуб

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -