Откриено зошто Ван Дијк на грбот го носи името само Виргил: Приказната е многу потресна…
Дали сте се некогаш запрашале зошто Виргил Ван Дијк го користи само своето име на грбот на дресот.
Неговиот вујко сега конечно објасни зошто.
Холанѓанинот на почетокот на јануари стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот. Ливерпул на Саутемптон му плати неверојатни 75 милиони фунти. Фудбалерот го зеде бројо 4, кој претходно го носеше Sami Hyypia.
Ван Дијк на своето деби за Ливерпул постигна гол во градското дерби против Евертон (2:1) во ФА Купот.
Навивачите поради тоа се во дилема, дали да го нарекуваат “Виргил“ или ‘Ван Дијк“?
26-годишниот играч на грбот го носи само името Виргил, а сето тоа поради семејни кавги.
“На Виргил му иде сјајно, а до успехот дојде покрај многу препреки, предизвици и падови кои беа присутни во семејството“, рече неговиот вујко Стивен.
“Неговиот татко се разведе од неговата мајка, а тројца деца, вклучувајќи го и Виргил, тоа не му го опростија.
“Вистина е дека неговиот татко не беше присутен во текот на најважните години од неговиот живот, а неговата прави е вистински херој во оваа приказна. Не се симнува татковото презиме без причина, а Виргил јасно порача како се чувствува кога станува збор за таа ситуација“.