fbpx
20.8 C
Skopje

„Вампирите“ од УЕФА му прават проблем на Санчез?!

АКТУЕЛНО

Според пишувањата на каталонскиот Спорт, Алексис Санчез би можел да се најде во проблеми откако луѓето од УЕФА задолжени за допинг тестови не го нашле Чилеанецот во понеделникот

Бизарен инцидент може да им создаде проблеми на Алексис Санчез, Арсенал и Манчестер јунајтед.

Како што пишува каталонскиот Спорт, луѓето од УЕФА задолжени за допинг тестови во понеделникот се појавиле во тренинг центарот на „Топчиите“. Еден од играчите кои биле одбрани по случаен избор за проверка на крвта од страна на популарните „вампири“ на УЕФА, бил и Алексис Санчез.

Меѓутоа Чилеанецот ни бил достапен, бидејќи со дозвола на Арсенал 48 часа претходно замина на лекарски прегледи со Манчестер јунајтед и да го комплетира трансферот на Олд Трафорд. Имено, во понеделникот Алексис Санчез беше во Ливерпул и аплицираше за обнова на работната дозвола, и откако успешно му беше одобрена, вечерта стави потпис на договорот со „Црвените ѓаволи“.

Спорт пишува дека Арсенал заборавил да ја извести УЕФА за сето ова, па лицата задолжени за допинг тестот решиле целосно да го запазат протоколот и во записникот пишале дека Алексис Санчез ја пропуштил контролата. Сега Арсенал и Манчестер јунајтед ќе треба да се појават пред европската куќа на фудбалот и да објаснуваат зошто Алексис Санчез не направил допинг тест.

Се верува дека ова недоразбирање и пропуст сепак не би требало да донесат кој знае каква казна за Алексис Санчез, кој веќе утре треба да дебитира за „Црвените ѓаволи“ на дуелот со Јеовил во ФА Купот.

Повеќе за ова на

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -