13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Вучиќ: Ако условот е да го признаеме Косово, тогаш благодариме и довидување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска разговараше во Давос со претседателот на Косово, Хашим Тачи при што биле разменети информации за убиството на Оливер Ивановиќ.

По средбата тој кажа дека ситуацијата во која Белград и Приштина се договораат мора да биде таква што и едните и другите ќе бидат лути и незадоволни од договореното.

-Ако некој мисли дека идејата на процесот на нормализација на односите на Белград и Приштина е тоа Србија да го признае Косово, тогаш благодариме и довидување.

Тој нагласи дека компромисот не е само некој да очекува да добие се, како што тоа според него го очекува Тачи.

поврзани објави

Последни објави