fbpx
15.8 C
Skopje

„Единствена Македонија“: Скандалозно, и МАНУ се вклучува во обезличувањето на македонскиот народ

АКТУЕЛНО

Единствена Македонија го осудува денешниот антимакедонски договор постигнат во Скопје меѓу македонските јаничари во МАНУ и Бугарската академија на науките и уметностите, со кој се формира заедничка меѓуакадемска Комисија за бришење на македонската историја, култура, јазик како обврска од Договорот за добрососедство со Бугарија.

За Единствена Македонија и македонскиот народ е крајно симтоматично брзопотезното вклучување на МАНУ во обезличувањето на својот народ, а од друга страна сведоци сме дека и по 27 години МАНУ се уште нема изработено национална македонска стратегија што е негова примарна задача.

Да потсетиме, за разлика од соседните земји единствено МАНУ сеуште нема изработено национална излезна стратегија како македонски проект.

Оттука, произлегува дека македонскиот народ наивно верувал дека во МАНУ е концентрирана врвната домашна памет која ќе ги брани виталните национални и државни интереси. Па, тогаш, кој ќе ги обезличува Македонија и Македонците?

По доаѓањето на легална власт во Македонија која ќе ужива доверба од народот, ќе има одговорност за сите антимакедонски проекти“, се вели во реакцијата на „Единствена Македонија“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -