fbpx
24.2 C
Skopje

Премиерот Заев денеска се сретна со Сибил Зутер Техада, амбасадорка на Швајцарија во Република Македонија.

АКТУЕЛНО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со Сибил Зутер Техада, амбасадорка на Швајцарија во Република Македонија.

На средбата се разговараше за актуелни политички прашања, како што е зајакнувањето на капацитетите на Државната изборна комисија и изборните реформи, како дел од реформскиот План 3-6-9.

Швајцарија е подготвена да помогне во зајакнувањето на капацитетите на ДИК, на ОИК, како и генерално во изборните реформи, соопшти швајцарската амбасадорка Техада.

Владата е определена за изборни реформи што ќе бидат прифатени од сите политички субјекти во државата. Силно сме посветени на обезбедување независност и капацитетност на Државната изборна комисија, како и на спроведување на сите други потребни реформи за квалитетен изборен процес. Затоа, за нас е прифатлива секоја помош и соработка што може да ги подобри капацитетите на изборните органи и на институциите вклучени во реализацијата на изборниот процес, рече премиерот Заев.

На средбата, премиерот Заев ја информираше амбасадорката Техада дека ќе се формира Координативно тело, кое што ќе работи со претставници на Европската унија, на САД, на швајцарската Влада како и со сите заинтересирани, за подготовка и имплементација на изборните реформи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -