-5.2 C
Skopje
Sunday, February 9, 2025

„Македончишта“ до кога ќе ја валкате Библијата?

Денеска многумина Македонци кои постојано се повикуваат на Библијата , се ситат на смртта на десетици луѓе кои починаа во пожарите во Грција.

Ако бар еднаш дотичниве ја прочитале Библијата, ќе разбрале дека пред Бог не постојат нации, функции, величини од земски вид, пред него постојат само луѓе и нелуѓе. Сите оние кои даваат љубов и кој се сочуствуваат со туѓата мака се луѓе, сите оние кои од икс причини се ситат на туѓата мака се нелуѓе.

Пред вас се два пата , едниот е тој Библискиот, на сочувство кон маките на другиот без разлика кој е тој, а вториот е на примитивизмот, на радоста на туѓата мака и нејзино ситење. Доколку го одберете вториот, престанете да ја валкате Библијата повикувајќи се на неа.

 

Извор: Трибуна.мк 

поврзани објави

Последни објави