Мажите кои се родени во овие знаци ќе ве запалат, ќе ви го одземат здивот на почеток, но исто така тие се и знаците кои од жената знаат да направат во најлош случај крпа за бришење на подот.
Ако не сакате да бидете најдоброто средство за чистење најдобро е вие да ги избришете со лесен потег на вашата рака.
Рак
Ракот е премногу емотивно суштество. Понекогаш не знаат што да прават самите со себе и своите емоции, кои ги има толку многу што едноставно не можат да ги владеат. Ако ве сакаат, ќе ве сакаат до крајот на животот, но ако се размислуваат дали да бидат со вас или не, подобро е да си ги соберете работите и да бегате што подалеку од нив.
Јарец
Јарците пак за разлика од Раковите се емотивно оградени суштества. Глумат лудило и се прават недопирливи, а кога ќе дојдат дома, најверојатно, плачат со сиот свој глас. Полесно ќе поминете да истоварите три кубни метри дрва отколку да го совладате мажот Јарец. Можеби најдобро е да ги оставите да се удираат со роговите во ѕид.
Бик
Уште еден рогоносец кој е во можност да ви ги пробие мозочните комори. Кога се напнати тие се во состојба да ве замараат како никој друг, и како и нивните браќа Јарци, емоциите им се туѓо тело. Не знаат што да прават со нив. Полесно им е да ве навредат, отколку да ви дадат комплимент. Затоа самите себе си нека си даваат комплименти во огледало, а вие по ваш пат.
Извор: Канал5