13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Ирена Ристиќ го прозва градоначалникот Саша Богдановиќ со паролата “Не биди Ѓубре”

Само да констатираме дека некој не си го исполнил ветувањето, пишува актерката Ирена Ристиќ на својот Фејсбук профил, споделувајќи фотографии од просторот пред Универзалната сала кој го исчистија граѓани, наместо општина Центар.

-Универзална, во моментов!

Не знам само како не ви е срам, прво да се доведете во ситуација граѓани да вршат работа за која секако месечно одвојуваат средства за да ја правите вие и вашите служби, господа од градската власт?

Не знам само како не ви е жал за повозрасниот господин кој се пикаше под ова чудо во распаѓање за да откорне плевел?

Не знам како си дозволувате луксуз да го попречувате правилното воспитување на децата кои вчера беа со своите родители и на лице место учеа што е еколошка свест и општествена одговорност!

За ваква ли координација зборевме, Саша?!

*не го пишувам статусов за да се отвори фронт во кој ќе се натегаме! Туку, едноставно, да се потсетиме на ветеното и на паролата #НеБидиЃубре .

Пред половина час актерката објави уште една фотографија, на која ѓубрето го нема.

 

Извор: Република

 

поврзани објави

Последни објави