2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

МЗТ Скопје во 21. коло до прва победа на гости оваа сезона во АБА

Избраниците на Анте Назор стигнаа до првата победа на гостински терен оваа сезона во АБА лигата, и тоа во 21. коло, совладувајќи го тимот на Олимпија Љубљана со конечен резултат 72:91.

Аеродромци одлучно влегоа во натпреварот, добивајќи го првиот период со 12:16, во кој целовремено имаа предност од 4 поени. При крајот на првото полувреме на натпреварот преку Ѓуровски, МЗТ Скопје, за прв пат дојде до двоцифрена разлика (28:38), но домаќините до крајот на полувремето постигнаа еден поен повеќе па со тоа на полувреме „штрковите“ заминаа со предност од +9 поени (33:42).

И покрај силниот влез на Олимпија во второто полувреме, МЗТ Скопје, не се предаде па третиот период го добија со 15:23. Во овој период МЗТ ја оствари и најголемата предност до тој момент од +17 поени (43:60). До крајот на натпреварот скопјани рутински ја потврдија победата, и ги обезбедија највисоките +20 поени предност во четвртиот период. До крајот на натпреварот домаќините оваа разлика ја намалија со само еден поен, а конечниот резултат беше 72:91.

Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Темс со 21 поен, додека веднаш позади него беше Дреновац со 17 поени. На победата допринесоа и Скот и Ван Острум со по 15 поени.

поврзани објави

Последни објави