12.8 C
Skopje
Saturday, March 15, 2025

Од утре се укинува воведната мерка за бесплатен превоз за граѓаните

Град Скопје соопштува дека ги укинува воведните мерки за бесплатен превоз за сите граѓани и ослободувањето на работа за вработените во Град Скопје и јавните градски претпријатија над 60 годишна возраст со хронични заболувања, како и бремените жени.

Ваквото сооптешние доаѓа откако претходно е забележан пад на  среднодневните концентрации  ПМ10 кои сега се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината, велат од Град Скопје.

Од таму соопштуват дека Градот Скопје ќе продолжи :

1. Интензивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.

2. Ќе продолжиме со интензивното миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје.

3. Градот Скопје ќе го продолжи интензивниот инспекциски надзор над инсталациите што се во негова надлежност.

поврзани објави

Последни објави