3.8 C
Skopje
Thursday, November 30, 2023

Колев: Политичарите да ги остават историчарите да дадат одговор на прашањето „Чиј е Гоце Делчев“

Претседателот на Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 истакна дека се надева политичарите да ги остават историчарите да дадат одговор на прашањето „Чиј е Гоце Делчев“.

Колев потсети дека Бугарија дала безусловна поддршка за почнувањето на преговори на Македонија со ЕУ. Колев истакна дека одредени изјави од Софија се плод на емоции бидејќи Гоце Делчев е важна историска личност и за Македонија и за Бугарија.

Прочитај повеќе: „Вистина е дека постои писмо на Гоце Делчев до Никола Малешевски во кое Делчев пишува дека е Бугарин, и дека припадноста кон бугарското племе е причина за поделбите меѓу народот“- изјави претседателот на македонската страна од мешовитата бугарско-македонска комисија за историја Драги Ѓорѓиев во емисијата „Отворено“ на ТВ 24.

Ѓорѓиев истакна дека историските факти се исти и за двете страни.Според Ѓорѓиев македонските историчари го градат своето толкување врз фактот што Гоце Делчев спомнувал за Македонци и Македонки и се залагал за тоа дека ослободувањето на Македонија е внатрешна работа. Ѓорѓиев истакна дека Делчев има изразен македонски политички идентитет.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -