6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Три земји членки на ЕУ демантираат дека биле против отварање пристапни преговори со Северна Македонија

Министерствата за надворешни работи на три земји-членки на ЕУ – Грција, Белгија и Луксембург демантираат дека биле „воздржани“ или „против“ отворање пристапни преговори со Северна Македонија за време на вчерашниот министерски состанок во Луксембург.

По тврдењата дека Грција останала воздржана на состанокот на Советот за општи работи што се одржа во Луксембург, „360 Степени“ побара појаснување од Министерството за надворешни работи во Атина за позицијата на грчката влада. Од грчкото МНР за „360 Степени“ одговориле:

„На последниот Совет за општи работи, Грција ја изрази својата силна поддршка за отворање преговори за членство меѓу Северна Македонија и ЕУ. Навистина, Договорот од Преспа воведе нова ера во пријателството и соработката меѓу Грција и Северна Македонија и ја очекуваме натамошната поддршка за нашата соседна земја во наредните чекори кон исполнување на релевантните пристапни критериуми додека стабилно напредува кон исполнувањето на целта – членство во ЕУ.“

Во твитер-порака на екс-министерот за надворешни работи Антонијо Милошоски, Грција беше спомената како една од воздржаните земји-членки, а Франција, Холандија, Германија, Белгија, Луксембург, Шпанија и Данска како држави што вчера биле против отворање преговори со С. Македонија.

Од „360 Степени“ добиле одговор и од Белгија, од каде исто така демантираат дека биле воздржани или против отварање пристапни преговори со аншата држава.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ на 360 степени 

поврзани објави

Последни објави