Познатата компанија „Монделез“ која ги произведува чоколадите милка, распиша конкурс за професионален дегустатор на чоколади.
Според барањата, работните обврски се да се пробува од чоколадото и да се даваат професионални оцени за вкусон. Работното време е 7,5 часа дневно, по три дена во седмицата.
„Кандидатите мора да бидат страсни љубители на слатки и да имаат истенчен вкус. Дегустаторот ќе ја има клучната улога во намерата на компанијата да создаде нов производ кој ќе се пласира на светскиот пазар“, стои во огласот.