15.8 C
Skopje
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Заев се огласи за средбата која ја имал со Боки 13: Се сеќавам на состанокот

Премиерот Заев се огласи за средбата со неформалниот сопственик на 1ТВ Бојан Јовановски одржана во јули минатата година во просториите на владата.

Ние симболично ги тргнавме и оградите, буквално секој граѓанин може се прима во Владата дали лично јас, дали мојот кабинет, советниците, министрите, сите, заради тоа што дефинитивно секоја идеја сакаме да ја преточиме во реализација кога гледаме дека се работи за добри идеи. Јас се сеќавам на состанокот, секако.

Состанокот беше за отворање простор за реализација на старечки домови во државата, тоа е составен дел и на Програмата и секако како и сите граѓани, така и Бојан Јовановски беше упатен на постапките согласно законот. Тоа значи да се обезбеди локации во општините, регионите каде што тоа е возможно, да се аплицира со проекти, да се добијат одобренија за градби, МТСП го дава одобрението за старечки дом по стандардите кои треба да се исполнат и на тој начин, како и за секој граѓанин, така и на оваа средба беа објаснети условите за старечки домови. Владата секојдневно прима луѓе.

Не ни е првпат да излегле случаи кога тоа се злоупотребувало, но за тоа постојат истраги. Истрагите треба да ги утврдат сите докази, да ги кажат сите аргументи и секако секој што се огрешил по закон да си одговара согласно законот, изјави премиерот Зоран Заев.

Извор: Фокус

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави