Во раните утрински часови во текот на изминатиот ден бил пронајден почината маж, државјанин на Република Србија.
Веќе починатиот 37-годишен возач на камион со иницијали Н.Ј. бил пронајден во околу 07.30 часот во Скопје, на ул “Качанички пат“, во ТМВ „МАН“ со српски регистарски ознаки .
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, а ТМВ е запечатено за понатамошна постапка.