fbpx
11.8 C
Skopje

Популарниот Брајан Адамс започнува европска турнеја

АКТУЕЛНО

Познатиот канадски рок изведувач, Брајан Адамс, оваа година ќе започне турнеја ширум Европа. Адамс зад себе има богата 40. годишна кариера, во која продаде речиси над 100 милиони албуми.

Тој во соопштение на неговата веб страна се изјаснил дека очекува на оваа турнеја да го промовира својот последен албум „Get UP“, кој беше објавен во 2015 година.

Турнејата започнува во јули, а ќе заврши на 19 ноември со концерт во чешкиот град Брно. Во текот на турнејата Адамс, ќе има настапи и во Велика Британија, Германија, Холандија, Австрија, Белгија, Италија, Швајцарија и Хрватска. Најблизу до Македонија, Брајан ќе одржи концерт во Загреб на 9. ноември.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -