Ако престанете да јадете јаглехидрати барем во еден од оброците кои ги имате во денот, вашето тело ќе се промени! Ова особено се однесува на лебот. Еве како ќе реагира организмот на отсуството на оваа храна.
Ќе ги намалите килограмите
Јагледхидратите во организмот се апсорбираат како гликоген, а секој грам јаглехидрат во нашиот организам задржува 3 до 4 пати повеќе вода.
Ќе го намалите стомакот
Само неколку денови без јаглехидрати во исхраната се доволни за да забележите дека вашиот стомак се „собира“ односно намалува. Се разбира, храната која треба да ја внесувате дури го правите ова мора да содржи многу растителни влакна.
Ќе имате повеќе енергија
Кога ќе го намалите внесот на јаглехидрати во вашето тело, потребно е да внесувате поголема количина на зеленчук и овошје за да може да си обезбедите енергија за во текот на целиот ден.
Мора да се напомене дека во првите денови е препорачливо што повеќе вода, особено наутро пред вашиот прв оброк.