13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Мехмети: Се лутат кога соседна земја им го одрекува правото на име, а на нивните сограѓани им го одрекуваат правото на употреба на јазик

Поранешната пратеничка на ДУИ Ермира Мехмети на својот профил на Фејсбук реагира на протестите на граѓаните од „за заедничка Македонија“.

„Се лутат кога соседна земја им го одрекува правото на име, а на нивните сограѓани им го одрекуваат правото на употреба на јазик.

Се лутат кога друга соседна земја им го одрекува правото како матична држава да се грижат за припадниците на нивниот народ преку границата, а протестираат зошто матичната држава на нивните сограѓани се грижи за нивните права.

Се лутат кога црквата на трета соседна земја им се меша во автоќефалноста и идентитетските прашања, а самите ги тераат свештениците да се мешаат во политика и да предводат шовинистички протести против нивните сограѓани.

П. С. Ова не е националистичи статус. Ова е само обичен обид да илустрирам дека политиката на одрекување на нечии права е еднакво фрустрирачка за секој човек, сите народи и етнички заедници“, истакна Мехмети.

поврзани објави

Последни објави