9.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

МД „Илинден“ почна медиумска кампања за подигање на свеста кај Македонците во Албанија

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, почнаа медиумска кампања за подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се.

 „Горе главата – изјасни се дека си Македонец“. Вака гласи кампањата на македонското друштво „Илинден“.

 „Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани во областите Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови“, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Ѓурѓај вели дека албанските власти признаваат постоење на македонско малцинство само на Македонците во Мала Преспа.

Тој додава дека доколку тие одлучат да живеат надвор од Преспа го губат тоа право.

„И покрај барањата во континуитет по падот на тоталитарниот режим, сеуште на Македонците не им се признава статус на малцинство на целата територија на Албанија. Но,без оглед на тоа многу меѓу Македонците чувствуваат и страв и не се изјаснуваат она што се. Буквално се плашат да кажат дека се Македонци, за да не бидат санкционирани, посебно оние кои работат или добиваат некаква социјална помош“, вели Ѓурѓај.

Кампањата е на три јазици, македонски, албански и англиски јазик, додава тој и нагласува дека освен во електронското издание на весникот „Илинден“ ќе биде и на други медиуми во Албанија.

поврзани објави

Последни објави