Што може да го пoремети циклусот кај жените?

90

Постојат многу фактори кои ги пореметуваат редовните месечни циклуси кај жената. Изостанокот на месечното крварење најчесто не е опасно, и се јавува кај дамите одвреме навреме. Речиси и не постои жена која не го искусила тоа на своја кожа.

Нередовната менструација е многу честа појава која понекогаш им се случува на речиси сите жени. Најчесто не се работи за нешто опасно, но секоја дама треба да води сметка за датумот на почетокот на својот циклус и да биде свесна за причината на доцнењето и можните последици.

Покрај редовен гинеколошки преглед, потребно е и да се информирате за сите можни причини поради кои доаѓа до пореметување на менструацијата, за да се советувате со вашиот лекар околу лечењето. Ова се некои од најчестите причини.

Бременост

Во бременоста женското тело произведува различни количини на хормони кои предизвикуваат прекин на менструацијата. Сепак, во некои случаи жената искусува слаби крварења или доцнење на менструацијата, пред сосема да престане во текот на бременоста.

Стрес

Стресот е една од најчестите причини за нередовните менструации. Хормонот на стрес, кортизол, директно влијае на тоа колку естроген и прогестрон, полови хормони, произведува телото. Ако имате премногу кортизол во организмот, менструацијата може да изостане.

Вежбање

На телото во текот на менструацијата му треба и енергија. Ако трошите премногу енергија на вежбање, вашиот организам нема да има доволно енергија за “оние денови во месецот”.

Контрацептивни пилули

На организмот му се понекогаш потребни и по неколку месеци да се навикне на нивото на хормони кои се создаваат во телото после земањето на контрацептивни пилули.

Премногу алкохол

Црниот дроб го регулира менструалниот циклус, така што ги метаболизира естрогенот и прогестронот. Премногу алкохол може да предизвикува оштетување на црниот дроб и да се вмеша во процесот на метаболизирањето на двата споменати хормони.

Синдром на полицистични јајници

Иако овој синдром не е реткост кај некои жени, тој предизвикува создавање на циста на јајниците и пречи на нормалниот процес на овулација. Други симптоми на овој синдром се претераната влакнетост, здебелување и неплодност.

Менопауза

Како и кај бременоста, во овој животен период се менува нивото на хормони во телото. Нередовните менструации можат да се јават и до девет години пред менопаузата.

Земање на други лекови

Ако неодамна сте биле болни и сте земале лекови на рецепт, менструацијата може да доцни и поради тоа. Причината е во фактот дека лековите може да го попречат начинот на кој телото произведува естроген и прогестрон.