3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Попоски: Македонските граѓани не сакаат дестабилизација, туку почитување на нивната волја

Македонскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Никола Попоски при учеството на седницата на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во Виена истакнал дека граѓаните на Македонија не сакаат дестабилизација, туку само почитување на нивната волја и јасна визија за мир и развој во регионот, соопшти МНР.

„Веруваме дека може да се врати дијалогот во институциите. Најдобар гарант за тоа да се случи се граѓаните на Македонија. Тие не сакаат дестабилизација, туку само почитување на нивната волја и јасна визија за мир и развој во регионот. Успеавме да направиме поголем број реформи како предуслов и спроведовме фер избори. Малкумина веруваа дека ќе надминеме се по патот. На крајот, потребна ни е само уште јасна иднина во ЕУ“, истакнал Попоски.

поврзани објави

Последни објави