11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Обединетите нации ги прогласија Словенците за најодржлива нација во светот

Обединетите нации ја најавија 2017 година како година во која како никогаш досега ќе се стави фокус на одржливиот туризам. А кога станува збор за одржливост, на крајот на 2016 година на првото место на листата на најодржливи нации  во светот се најде Словенија.

Како што пишува „ National Geographic“, оваа балканска држава сместена помеѓу зелени полиња, снежни врвови и пенливи води, е прогласена за најодржливата држава во светот. Словенија задоволила неверојатни 96 од вкупно 100 индикатори за одржливост, како околина и клима, култура и автентичност, природа и биодиверзитет.

Инаку, дури 60% од државата се покриени со богати шуми, а неверојатната бројка од четириесет паркови и резервати се дом на околу 20.000 различни растенија и животни, со мрежа од разнолики патеки за планиннарење. Патната инфрастуктура на Словенија овозможува лесен пристап до прекрасните езера и гратчињата со калдрми.

Сето тоа е овозможено и негувано во држава со популација од околу 2 милиони жители.

поврзани објави

Последни објави