14.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024
Платено политичко рекламирање

Цеца горда на својата ќерка – Феноменална изведба на Анастасија во живо! (ВИДЕО)

Анастасија Ражњатовиќ тргна по стапките на својата мајка и конечно ја започна својата музичка кариера. Таа ја сними песната “Совршен пар” по која веднаш дојде до голема популарност, а во наредниот период таа спрема нови убави новости.

Уште од мала Анастасија има љубов кон музиката, а со само 11 години таа ја отпеа песната “I will Always Love You” и од тогаш се збореше дека ќерката на Цеца “убива”.

-Од мала сум актуелна за јавноста, така да ништо од ова не ми е ново. Ништо не се промени во однос на медиумите, се е исто. Само ми е драго што сега веќе имам своја професија, во смисла дека сега сум пејачка, веќе не сум ќерката на Цеца. Така да сега имам причина за да се појавувам во медиумите – истакнува атрактивната пејачка.

Иако пејачите после издавањето на песните брзаат да настапуваат и да промовираат нов сингл, Анастасија откри дека не брза, туку се доградува и во меѓувреме работи на втората песна.

-Несакав да ги бомбардирам луѓето со моето појавување во медиумите. Сметам дека песната ако е квалитетна секако ќе се слуша и без моето појавување. Така да јас не сум спремна да настапувам, туку сакам самата од себе да се соживее. Во меѓувреме се трудам да работам на себе, психички и физички- заврши Анастасија.

Меѓутоа кога истата песна ја отпеа сега во една емисија, покажува колку напредувала во музиката, но и дека има и несекојдневна боја на гласот, како и нејзината мајка.

Дека Цеца е горда на својата ќерка покажува и објавеното видео на нејзиниот Инстаграм профил:

View this post on Instagram

Mamin brilijant…..💎@tegraf.rs

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави