6.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Време е СДС да се освести и да ја прифати волјата на народот

„Kриминалецот Заев и СДС, освен што ги измамиja граѓаните и ја погазија нивната волја, ги погазија и Уставот, Деловникот и законите, а сега молчат и ги поддржуваат провокациите со кои почнува реализирањето на Тиранската Платформа“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според Охридскиот рамковен договор пратениците може да се обраќаат на својот мајчин јазик, доколку истиот го говорат над 20% од населението бидејќи тоа е индивидуално право, но кога се води седница, тоа е чин од позиција претседател на Собрание и во име на институцијата која што ја претставува и затоа единствен службен јазик и официјален јазик на целата територија е македонскиот јазик.“

„Овојпат цела Mакедонија станува жртва на антидржавното однесување на Заев и СДС. Заев и СДС за да се спасат себеси од одговорност за сторените криминали во состојба се да ги продадат државните и националните интереси на Македонија. Време е СДС да се освести и да го слушне гласот на народот. Време е СДС да ја прифати волјата на народот“.

 

„Македонија се буди“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави