8.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024
Платено политичко рекламирање

Груевски до британскиот амбасадор: СДС врши брутална партизација и притисок врз медиумите

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Герет. Притоа тој го истакнал значењето на брзото зачленување на Република Македонија во ЕУ и НАТО и очекувањето западните партнери да дадат максимален придонес во оваа насока.

„На средбата беше разговарано за повеќе актуелни теми со посебен осврт на незаконските чистки и бруталната партизација која што СДС ја спроведува во сите области“, соопшти партијата.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ ја потенцирал политичката злоупотреба на СЈО и континуираните притисоци врз судовите за носење одлуки нои не се базираат на аргументи и на право. „Исто така, се разговараше и за притисоците врз медиумите кои резултираа со неизбалансирано информирање исклучиво во полза на владеачката коалиција што го загрозува правото на јавноста да добива точни и проверени информации за прашања кои се од интерес на граѓаните“, се додава во партиското соопштение.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави