18.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Висината му е како на бебе а има 21 година

Манприт Синг изгледа како шестмесечно бебе иако веќе е 21-годишен. Лекарите се збунети, но мислат дека причина е ретка болест на штитната жлезда. Мештаните пак веруваат во тоа  дека Манприт е божество.

Манприт Синг  престанал да расте уште како бебе и ден денеска изгледа како шестмесечно бебе. Тој живее во индиската држава Пунџаб, висок е само 60 сантиметри, а најверјоатно е и најнискиот маж на светот,

Кога наполнил 12 години, луѓето почнале да доаѓаат кај него по благослов. Родителите Џагтар Синг и Манџит Каур велат дека се сиромашни и  мислат дека на својот син не му овозможиле содветно лекување. Велат дека детето го прегледале пет или седум лекари и сите рекле дека има проблем со штитната жлезда и не можат да му помагнат.

Родителите велат дека лекарите на Манприт му дале многу лекови, но тоа ништо не променило. Манприт не може да зборув, ниту да оди без помош на другите, но сепак ги развеселува сите во селото.

„Луѓето мојот син не го злоставуваат зошто е низок, не се чувствуваме лошо поради неговата состојба и сите го обожуваме. Луѓето го сакаат“ истакнува неговата мајката.

Манприт има браќа и сестри кои се со нормална висина. Сестрата Џасприт (19) останала дома за да се грижи за братот и семејството.

 

поврзани објави

     

Последни објави