17.8 C
Skopje
Sunday, May 5, 2024
Платено политичко рекламирање

ЕКСКЛУЗИВНО: Историја под прашина – бие ли се уште некој битка за да ја скрие вистината? (ВИДЕО+ФОТО)

 

До нашиот портал „Поглед.мк“ од анонимни извори, пристигна видео запис и фотографии, од мермерна плоча којашто најверојатно му припаѓала на стариот храм Рождество на Пресвета Богородица во Скопје. Плочата датира од 1879 година и на неа го пишува следново: „Главната врата на Българската Народна Църква Рождество Пресвятия Богородици 20 юли 1879 г.“

Според изворот, плочата е фотографирана на една запуштена локација во Скопје, каде што до ден денешен останала зачувана, и покрај пожарот кој избувнал во црквата во 1944 година. Впрочем, на плочата сè уште се забележуваат траги од пожарот. Поради стравот истата да биде некако оштетена, нашиот портал нема да ја објави локацијата на која се наоѓа плочата, но за истата, веднаш ќе бараме одговор и реакција од надлежните институции, со цел што побргу да биде заштитена и дислоцирана на соодветно место

 

Православниот христијански храм “Рождество на Пресвета Богородица” во Скопје се наоѓал во некогашното скопско Пајко маало, на истото место каде што се наоѓа обновениот храм денес. Постојат мислења дека на тоа место некогаш постоела средновековна црква, која била разрушена со доаѓањето на Османлиите.

Изградбата на преродбенската црква започнала во уште во 1809 година од мајсторот од Дебарската школа, Дамјан Јанкулов Рензовски (1770 – 1834), зограф и градител од с. Тресонче. Бидејќи смртта го затекнала за време на градењето, изградбата ја продолжиле неговите синови.

Црквата била завршена и свечено осветеа на 1 мај 1835 година во чест на Рождеството Богородично.

Кон средината на 19 век по иницијатива на скопскиот првенец и преродбеник Хаџи Георги во дворот на црквата било подигнато народно училиште, за учител бил повикан големиот наш преродбеник, велешкиот ентузијаст Јордан Хаџи-Константинов Џинот, кој самиот се потпишувал како „многогоревностный Iордан х. Константинов Болгарскій Чинов. Подоцна тоа училиште станало познато како Педагошко бугарско училиште.

Кога во месец април 1872 година бил направен референдумот за црковното прашање во Скопската општина (санџак), која освен Скопје, ги вклучувала и Тетово, Куманово, Врање, 9/10 од целокупното население ја прифатило Бугарската егзархија за своја црковна управа. Тогаш црквата Пресвета Богородица станала катедрален храм на егзархискиот митрополит во Скопје.

За жал, голем дел од црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, со нејзиниот внатрешен инвентар, настрадал во големиот пожар што избувнал во текот на сојузничкото бомбардирање на Скопје, ноќта 5 спроти 6 април 1944 година. Подоцна, во времето на антибугарската државна идеологија по Информбирото од 1948 година, се направила тенденциозна пропаганда со погрешна информација дека црквата наводно ја запалиле бугарските војски. Секако тоа претставува чиста измислица што му одела во прилог на тогашниот режим. Таквата пропаганда е сосема нелогична, бидејќи самите Бугари не би ја уништиле црквата која важела за „бугарска црква“ во Скопје. Напротив, тогашните комунистички власти, токму поради тој факт не сакале ни да ја обноват црквата, туку ги срушиле нејзините останати ѕидни и на нивно место изградиле младински дом, кој се урнал во земјотресот во 1963 година.

Пронајдената плоча е дополнителен доказ за невистинитоста на злонамерната теза дека наводно бугарските војници ја запалиле Црквата, теза со којашто долги години се предизвикуваше недоверба и омраза кон нашиот соседен бугарски народ, согласно тогашната србо-комунистичка идеологија.

ФОТО – Плоча (Главна врата на Бугарската народна Црква – Рождество Пресвета Богородица 20 јули 1879 г.

 

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави