19.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024
Платено политичко рекламирање

Користел кокаин на теренот, и должи пари на италијанската влада, легенда која вечно ќе живее…

Сигурни сме дека не постои личност која не слушнала за маестралниот Диего Марадона.

Поранешниот аргентински репрезентативец го воодушевуваше светот со своите фудбалски способности, а денес важи за еден од највлијателните и најдобрите фудбалери на сите времиња.

Поради тоа одлучивме да се потсетиме на Марадона и да ви откриеме неколку тајни кои веројатно не сте ги знаеле за него.

Бил одличен пријател со Фидел Кастро

Марадона често говорел за кубанскиот лидер на кого често му се јавувал во доцните часови само за да зборуваат. Диего тврди дека Кастро бил голем човек и уште поголем пријател.

ФОТО

Црква го носи неговото име

Црквата “Марадона” е подигната во Буенос Аирес во 1998 година.

Не знае колку деца има

Поради големиот број на жени со кои тој бил, Диего Марадона не е сигурен колку деца има. “Моите легитимни деца се Далма и Џианина, сите останати се производ на моите пари и моите грешки”.

Ѝ должи голема сума на пари на италијанската влада

Во 2009 година, италијанската влада објавила дека Диего Марадона ѝ должи 43 милиони евра поради даноци.

Има тетоважа од Че Гевара

Марадона открил дека Че Гевара бил неговиот голем идол. “Го носам на својата кожа, но и во своето срце”, изјавил Диего.

Не поднесувал критики

Марадона не е личност која смеете да ја критикувате, а токму поради тоа, тој често влегувал во конфликти дури и со навивачи.

Аргентина сакала да го забрани бројот 10 за другите играчи

Со цел да покажат благодарност кон најголемиот репрезентативен играч, Аргентина сакала да забрани другите играчи да го користат бројот 10, но сепак тоа не се случило. Сигурни сме дека Меси е многу среќен поради тоа.

https://www.youtube.com/watch?v=rHXtnAwH8Js

Одбил да присуствува на отворањето на Светското првенство во 2006 година

Тој ја одбил церемонијата со зборовите: “Не дојдов тука за да го гледам Пеле како “се прави важен”.

Имал своја вечерна емисија

Во 2005 година, Диего Марадона бил водител на емисијата “La Noche del 10”. Прв гостин во неговата емисија бил легендарниот Пеле.

Користел кокаин на теренот

Овој инцидент се случил по пеналот во Пасадена, каде завршил Светскиот куп во 1986 година. Додека славел, на Диего му притрчал човек и му понудил кокаин кој Марадона го употребил.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави