5.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024
Платено политичко рекламирање

Најубавата работа во државата: Патуваш 3 месеци и добиваш плата од 1000 евра со покриени трошоци

Победникот на конкурсот, како што велат, најубавата работа, ќе има прилика да патува низ цела Србија цели 3 месеци, да известува на социјалните мрежи, а за тоа ќе биде плаќан по 1000 евра на месец.

Имено порталот „SerbianAdventures“ објави оглас, на кој може да се пријавувате исклучиво онлајн, ќе трае се до 23 април. Победникот на конкурсот ќе добие шанса во рок од три месеци да патува низ државата, ќе има плата од 1000 евра и платени трошоци, додека пак негова единствена работа ќе биде да известува за својата авантура на социјалните мрежи.

Повеќе од 200 туристички дестинации го чекаат победникот, а работата, која подразбира „уживање во погледот на најубавите предели во Србија, посета на најзначајните историски локалитети, пловење по реките, адреналински активности, бањи, гастрономски специјалитети, манифестации“, ќе трае од 25 мај до 25 август.

„Оваа акција ја покренавме со цел да ја промовираме туристичката понуда на Србија, преку конкурс кој до сега не е применуван кај нас. Уверени сме дека Србија има што да им понуди на домашните и странските туристи, и дека оваа прилика не е доволно искористена. Ова е нашиот допринес за претставување на многу природни, културни и истористи убавини, а целосна поддршка добивме и од многубројни организации за екскурзии низ различни краеви на нашата држава“, велат од „Serbian Adventures“.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави