14.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024
Платено политичко рекламирање

Последен ТВ дуел во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Франција

Двајцата кандидати за претседател на Франција, Емануел Макрон и Марин Ле Пен, во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела, вечерва ќе имаат телевизиска дебата како последна можности да ги привлечат на своја страна неопределените гласачи, јави дописникот на МИА од Париз.

Се очекува Макрон вечерва „да ги нагласи нејаснотите“ во програмата на Ле Пен, како оние за откажување од еврото, кое, што веќе не се чини, не е врвен приоритет на кандидатката на Националниот фронт (ФН).

Ле Пен од своја страна „подготвува неколку удари“ и работи на „омекнување на нејзините аргументи“.

Таа смета дека може да биде „изненадување на изборите“ и покрај тоа што анкетите му даваат на Макрон убедлива предност од 16 до 22 процентни поени.

На митинг во Париз, пак Макрон ги засили нападите кон Националниот Фронт, осудувајќи ги плановите на Ле Пен, кои ги оцени како „затворање, протекционизам, изолационизам и национализам“, кои според него, ќе доведат до „економска криза, беда и накусо – војна”.

Денес, битката е меѓу два строго спротиставени проекти. Оној на патриотската реформска Франција… и од друга страна на реакционерната националистичка Франција, изјави Макрон, пред речиси 10.000 луѓе.

Ова е првпат по 1974 година, кога беше воспоставена практиката на телевизиски дуели пред вториот круг на изборите, на неа да се најдат двајца кандидати кои не доаѓаат од двете традиционално политички партии на Франција.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави